Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид
    • Падна опасен клан во соседството – Уапсени осомничени за ликвидација
    • Четири хороскопски знаци ќе ги решат финансиските проблеми во ноември
    • Предупредување од УХМР: Издаден метео-аларм за денеска
    • Лоши вести утрово: Цената на нафтата се зголемува
    • Една година од смртта на Панчо од ДНК – Трагедијата во Кочани остави неизбришлива болка
    • ВМРО-ДПМНЕ: Осуден доктор од СДСМ и потпишал на Михаилова дека треба да се лечи во Бугарија
    • Светска банка со поддршка од 700 милиони долари за Македонија: Фокус на реформите и инвестициите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид

    (ФОТО) Се реконструираат улици во Мршевци и Илинден, градоначалникот Георгиевски изврши увид

    14.10.2026 во 10:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Илинден започна со реконструкција на две локални улици во населените места Илинден и Мршевци, во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, соопштија од локалната самоуправа.

    Градежните активности ја опфаќаат улицата „4“ во Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак од улицата „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри. На улицата „8“ претходно беше изградена фекална канализациска мрежа, со што се создадоа услови за целосно уредување на патната инфраструктура.

    Увид во почетокот на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој ја истакна важноста на овие зафати за локалното население.

    „Реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите“, истакна Георгиевски.

    Од Општина Илинден најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во реконструкција и санација на локалната патна мрежа, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, со цел рамномерен инфраструктурен развој во сите населени места.

    Прочитај повеќе

    Илјадници волонтери на терен: Скопје денеска се чисти на повеќе од 50 локации

    14.10.2026 во 08:10

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.