УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во часот. Ова претпладне, најстудено е на Попова Шапка каде се измерени само 3 степени, по што следи Крушево со 4 и Радовиш со 5 степени.
Од друга страна, највисока температура во часот е измерена во гевгелија, 13 степени.
Во Скопје ова претпладне метеоролозите измерија 11 степени.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено, со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови од земјата. Поради продорот на постуден воздух од север, на некои од повисоките планини дождот повремено ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе се движи од 7 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Во петок се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој на одделни места ќе достигнува брзина од над 60 километри на час.

