На делницата Прилеп – Кавадарци, меѓу Беловодица и Тројаци, од денеска од 10 часот е воведен привремен режим на сообраќај поради градежни работи.
Возилата на овој дел од патот ќе се пропуштаат наизменично, во зависност од текот на работите. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека изменетиот режим ќе важи до завршувањето на градежните активности.
На возачите им се препорачува да возат внимателно, да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

