Close Menu
Press24
    Најново

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бугарија бара помош од НАТО и ЕУ – дронови погодија три брода во Црното Море

    Бугарија бара помош од НАТО и ЕУ – дронови погодија три брода во Црното Море

    13.10.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарија побара меѓународна поддршка за истрагата за нападите со беспилотни летала врз три брода во Црното Море, во близина на нејзините територијални води. Премиерот Румен Радев ги оцени инцидентите како „апсолутно неприфатливи“, откако при еден од нападите брод потонал, а неговиот екипаж бил евакуиран.

    Радев соопшти дека е свикан итен состанок на Советот за безбедност при бугарската влада. Според него, еден брод бил погоден на 17 наутички милји источно од Крапец и потонал, при што еден член на екипажот бил спасен. Претходно, во 1:30 часот по полноќ, бил примен повик за помош од брод лоциран 18 наутички милји источно од Бјала, кој според екипажот бил погоден од три воздушни дронови.

    Спасувачките служби и граничната полиција ги евакуираа сите 15 членови на екипажот на малтешкиот брод „Челзи 3“, регистриран во Одеса и во украинска сопственост, кои се пренесени во Варна, а петмина добиле медицинска помош. Радев информираше дека постојаните претставници на земјата во НАТО и ЕУ се запознаени со настаните и најави разговор со генералниот секретар Марк Руте.

    – Бугарија побара поддршка во истрагата за нападите врз три брода со цел со сигурност да се утврди од која земја потекнуваат беспилотните летала што ги погодуваат бродовите во непосредна близина на бугарските територијални води – изјави Радев, нагласувајќи дека Софија ќе бара помош за зајакнување на надзорот и реакцијата.

    Иако нагласи дека засега нема цврсти докази за обвинување на која било страна, Радев посочи дека околностите одат во прилог на Руската Федерација и најави покана за разговор до руската амбасадорка Елеонора Митрофанова.

    – Немаме цврсти и јасни докази за да покренеме обвиненија против која било од страните, но логиката, како што веќе наведов, укажува дека резултатот е во корист на Руската Федерација – рече Радев.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.