Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовен напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени над 600 беспилотни летала
    • ФОТО+ВИДЕО: Криел дрога во форма на бонбони – Боди-камерите го откриле на Табановце
    • Хорор на небото – Дојава за бомба во авион
    • Македонската полиција му упаднала дома и веднаш го привела
    • Платформата 12.05 бара Брисел да побара од Софија да ја предаде Ива Михајлова
    • Бугарија бара помош од НАТО и ЕУ – дронови погодија три брода во Црното Море
    • Случајот со Ива Михаилова стигна до Фон дер Лајен – Бугарски европратеник ја информирал лично
    • ФОТО: Македонската полиција приведе возач без дозвола – Имале што да видат и во гепекот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Масовен напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени над 600 беспилотни летала

    Масовен напад со дронови врз Русија: Москва тврди дека се соборени над 600 беспилотни летала

    13.10.2026 во 10:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Русија во текот на ноќта беше изложена на еден од најголемите напади со беспилотни летала, а според податоците од руското Министерство за одбрана, системите за воздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 604 украински дронови над повеќе региони.

    Операцијата траела 12 часа, од 20 часот во понеделник до 8 часот наутро во вторник по московско време. Од руското Министерство за одбрана преку соопштение нагласија:

    – Во текот на ноќта од синоќа, од 20 часот од 12 октомври до 8 часот наутро по московско време на 13 октомври, силите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 604 украински беспилотни летала – се вели во соопштението.

    Посебно интензивни напади беа забележани кон главниот град. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека дури 417 дронови летале во правец на Московскиот регион, при што повеќето биле неутрализирани на поголеми растојанија, а 65 биле уништени на приодите кон Москва. Собјанин на платформата Max напиша:

    – Помеѓу 20:30 часот на 12 октомври и 7 часот наутро на 13 октомври, 417 дронови летале кон Московскиот регион. Повеќето биле неутрализирани од силите за воздушна одбрана на поголеми растојанија, а 65 дронови биле уништени на приодите кон Москва.

    Пресретнувања се пријавени и во граничните, централните и јужните руски региони, како и над водите на Азовското Море. Засега нема независна потврда за податоците, а украинската страна сè уште не ги коментира овие наводи.

    Прочитај повеќе

    Хорор на небото – Дојава за бомба во авион

    13.10.2026 во 10:33

    Бугарија бара помош од НАТО и ЕУ – дронови погодија три брода во Црното Море

    13.10.2026 во 10:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.