102 возачи биле казнети во Скопје поради пребрзо возење во текот на вчерашниот ден, при сообраќајна контрола што ја спровела полицијата.
Контролата била спроведена на 12 октомври, во периодот од 6 до 22 часот. Покрај санкциите за брзо возење, полицајците изрекле уште 26 мерки за други сообраќајни прекршоци.
Од МВР најавуваат дека контролите ќе продолжат и во наредните денови, а апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината.

