Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ММФ со добра вест за Македонија: Прогнозата за економски раст зголемена на 3,5 отсто
    • Нови цени на горивата од полноќ
    • Базенот „Партизан“ во Карпош 4 официјално му се предава на користење на Пливачката федерација
    • Нови инвестиции во патната инфраструктура: Завршено асфалтирањето на дел од „Истарска“ во Ново Маало
    • ВМРО-ДПМНЕ го прозва Филипче по маршот во Прилеп: „Од бугарски амбасадор до партизан“
    • Трагедија во Скопје – Пронајден мртов маж
    • Скопјани се разбудија со топли радијатори – Грејната сезона почна два дена порано
    • Утре е Покровот на Пресвета Богородица – Празник на заштитата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ММФ со добра вест за Македонија: Прогнозата за економски раст зголемена на 3,5 отсто

    ММФ со добра вест за Македонија: Прогнозата за економски раст зголемена на 3,5 отсто

    13.10.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5 отсто во 2026 година, од претходно очекуваните 3,1 процент. За следната година, Фондот предвидува економски раст од 3,2 отсто.

    Според најновите проекции, Македонија годинава ќе биде меѓу земјите со повисок очекуван економски раст во регионот, заедно со Албанија и Косово, за кои исто така се прогнозира раст од 3,5 проценти. За Србија се очекува раст од 3,2 отсто, за Црна Гора 3 проценти, за Бугарија 2,6, за Босна и Херцеговина 2,3, за Хрватска 2,2, а за Грција 1,8 проценти.

    Позитивна ревизија на прогнозата за македонската економија неодамна направи и Светската банка, која ги зголеми очекувањата за растот во 2026 година од 2,9 на 3,2 проценти. Како еден од главните двигатели на економската активност ги посочи инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година, Светската банка очекува раст од по 3 проценти.

    Во октомврискиот извештај за глобалните економски перспективи, ММФ ја зголеми и прогнозата за раст на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, наспроти претходно предвидените 3 проценти. Сепак, Фондот предупредува дека глобалниот раст и натаму ќе биде релативно слаб, особено поради неизвесноста на енергетските пазари и промените во светската економија.

    За американската економија се предвидува раст од 2,3 проценти и во 2026 и во 2027 година. Во исто време, ММФ очекува значително поскапување на нафтата, со просечна цена од 96 долари за барел во текот на годинава, што би можело да придонесе за зголемување на глобалната инфлација на 4,7 проценти, во споредба со 4,1 отсто во 2025 година.

    Извештајот се осврнува и на влијанието на вештачката интелигенција врз економијата и пазарот на трудот. Според ММФ, развојот на оваа технологија може да ги ублажи дел од негативните последици од повисоките цени на енергенсите, но придобивките нема да бидат еднакви во сите земји и сектори. Фондот предупредува дека промените на пазарот на трудот ќе се одвиваат постепено, но со значителни последици.

    Проекциите се објавени во пресрет на есенските средби на ММФ и Светската банка во Бангкок, Тајланд, каде што претставници на централните банки и министерствата за финансии ќе разговараат за глобалниот економски раст, инфлацијата и финансиската стабилност.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ВМРО-ДПМНЕ го прозва Филипче по маршот во Прилеп: „Од бугарски амбасадор до партизан“

    13.10.2026 во 09:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.