Со длабока тага ја примивме веста дека нѐ напушти Стојчо Николовски-голем социјалдемократ, наш почитуван другар и еден од основачите на СДСМ во Крива Паланка. Вака СДСМ се простија од својот член и пријател, инаку татко на Љупчо Николовски.
-Човек со остар аналитички ум, богато искуство и силна посветеност на социјалдемократската идеја. Како дел од високите партиски структури и умот зад бројни аналитички процеси, Стојчо остави траен белег во растот и работата на нашата организација. Неговиот збор имаше тежина, а неговите совети секогаш беа драгоцени за многу генерации сопартијци.
Денес се збогуваме со човекот кој беше дел од нашите почетоци, нашите борби и нашата заедничка приказна. Останува благодарноста за сѐ што вложи и за вредностите на кои нѐ потсетуваше.
До нашиот другар Љупчо Николовски и целото семејство упатуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивниот сакан татко.
Почивај во мир, драг Стојчо.
Вечна ти слава и благодарност, напишаа од СДСМ.

