Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27

    Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија

    12.10.2026 во 13:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова
    • „Таск форс“ во акција: Приведени две лица
    • Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување во скопска населба
    • Собранието расправа за промени во администрацијата: Нови правила за унапредување, оценување и отказ
    • Се отвора битката за шеф на Обвинителството за организиран криминал – Петмина кандидати во трка
    • Ќе нема струја до 14 часот – Исклучувања во делови од Скопје
    • АМСМ со апел до возачите – Кои патишта се проблематични утрово?
    • УХМР најавува студен бран: Заладување, дожд и снег во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова

    „Во Бугарија се чувствувам безбедно” – Што пишуваат бугарските медиуми за Ива Михаилова

    13.10.2026 во 08:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бугарските медиуми деновиве опширно известуваат за Ива Михаилова, која избега во Бугарија , а нејзиниот случај предизвика реакции и отвори прашања во јавноста во двете земји.

    „Ива Михаилова пристигна во Бугарија: Ги изненади институциите во двете земји“ – bTV Новините

    „Ива Михаилова: Здравствената состојба ми се влоши, во Бугарија се чувствувам безбедно“

    „Ива Михаилова пристигна во Софија на лекување“ – Радио Бугарија

    „Ива Михаилова во ‘Пирогов’: Легално ја поминавме границата со мојот адвокат од Северна Македонија“ – Дарик

    Ива Михаилова во Бугарија: „Тука се чувствувам безбедно“ – што изјави по пристигнувањето? – Вести.бг

    Принтскрин

    Случајот со 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, која по повеќемесечни барања за лекување во Бугарија пристигна во Софија, предизвика нови реакции и дополнително ги заостри односите меѓу Скопје и Софија. Додека таа тврди дека легално ја минала границата со својот адвокат и дека во Бугарија се чувствува безбедно, македонските институции укажуваат дека против неа е во тек судска постапка и дека сè уште важеле мерки за ограничување на нејзиното движење.

    Сè започна со тешката сообраќајна несреќа што се случи на 7 октомври 2025 година на патот Кочани – Штип. Во несреќата загина едно лице, а повеќе луѓе беа повредени, меѓу кои и Михаилова, која се здоби со сериозни повреди на ‘рбетот.

    Против неа беше покрената судска постапка за сообраќајната несреќа со смртни последици. Михаилова, која има македонско и бугарско државјанство, ја оспорува верзијата на обвинението за причините за несреќата. Таа тврди дека другото возило навлегло во нејзината сообраќајна лента, додека одбраната се повикува и на независни вештачења со кои ги оспорува заклучоците на обвинителството.

    По несреќата, на Михаилова ѝ биле одземени македонскиот и бугарскиот пасош, а ѝ била изречена и мерка со која не смеела да го напушта Кочани. Според информациите објавени од македонските институции, мерките биле поврзани со судската постапка и опасноста од бегство.

    Во меѓувреме, Михаилова и нејзината одбрана повеќепати барале да ѝ биде овозможено лекување во Бугарија, посочувајќи дека нејзината здравствена состојба се влошува и дека ѝ е потребен специјализиран медицински третман.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    „Таск форс“ во акција: Приведени две лица

    13.10.2026 во 08:12

    Ќе снема вода во 9 часот – Исклучување во скопска населба

    13.10.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.