Close Menu
Press24
    Најново

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во среда продолжува акцијата за чистење на Скопје
    • МНРиНТ: приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака
    • Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора
    • ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова
    • Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова
    • Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија
    • Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога
    • Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во среда продолжува акцијата за чистење на Скопје

    Во среда продолжува акцијата за чистење на Скопје

    12.10.2026 во 15:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во среда во 11 часот продолжува акцијата за чистење на Скопје. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски вели дека љубовта кон Скопје се гледа во делата.

    -Во секој исчистен парк, во секое уредено маало, во секој човек што одлучил да даде свој придонес за градот во кој живее. Повторно со илјадници волонтери, во сите скопски општини, со силна волја да покажеме колкава промена можеме да направиме кога работиме заедно. Ќе чистиме на повеќе од 50 локации – паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Секое маало е важно. Секој дел од Скопје заслужува внимание, грижа и чиста околина – вели Ѓорѓиевски.

    Во акцијата за чистење на Скопје повторно ќе се вклучат општините, градоначалниците, учениците и сите граѓани што сакаат да вложат дел од своето време за заедничко добро.

    -Луѓе од различни генерации и професии, обединети околу желбата за почисто, поубаво и поздраво Скопје. Ве повикувам да ни се придружите. Повикајте ги соседите, пријателите и колегите. Да се собереме таму каде што секојдневно живееме, се движиме и ги создаваме спомените. Да се погрижиме за местата каде што играат нашите деца и да им покажеме што значи да се биде одговорен кон својот град. Затоа што секое дете што ќе види возрасен како се грижи за околината, добива пример што вреди повеќе од илјада изговорени зборови. Како што најавивме, овие акции ќе се одржуваат двапати месечно. Ќе бидеме упорни, ќе се собираме повторно и ќе градиме традиција на заедништво и одговорност. А вистинскиот успех ќе биде кога грижата за чистотата ќе продолжи и меѓу две акции, секој ден, во секое маало, апелира Ѓорѓиевски.

    За точните локации и начинот на приклучување, граѓаните треба да се информираат во нивната општина.

    Прочитај повеќе

    ЕСМ Снабдување: Грејната сезона ќе почна два дена порано од планираното, на 13 октомври

    12.10.2026 во 11:24

    Усје денеска остана без вода

    12.10.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.