Close Menu
Press24
    Најново

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39

    Анкета: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

    11.10.2026 во 12:00

    Ива Михаилова замина во Бугарија – како ја поминала границата?

    12.10.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора
    • ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова
    • Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова
    • Ива Михаилова избегала: Во системот на МВР не е евидентиран нејзиниот излез од Македонија
    • Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога
    • Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог
    • Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира 
    • Мицкоски: Добра вест за Македонија, продолжуваме да градиме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора

    Мицкоски: Македонија ќе биде раскрсница на двата паневропски коридора

    12.10.2026 во 14:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Официјално почна изградбата на автопатската делница од Букојчани до Кичево. Таа е дел од Коридорот 8 и ќе ги поврзува автопатот од Кичево до Охрид и од Тетово преку Гостивар до Букојчани. 

    Бризната на движење ќе биде помеѓу 110 и 130 километри начас. Автопатот ќе има две сообраќајни ленти и една лента за застанување во двете насоки. На автопатската делница ќе има пет мостови, еден тунел, два вијадукти и две клучки. Планирано е да се изгради за четири години.

    Финансиските средства се обезбедени преку ЕБОР во висина од 119 милиони евра, а дополнително 20 милиони евра се грант од Европската унија и 300 илјади евра се обезбедени преку Фондот на Европската унија за Западен Балкан. 

    Премиерот Христијан Мицкоски рече дека со оваа автопатска делница целиот проект добива смисла затоа што автопатски Скопје се поврзува со Охрид. 

    – Политиката на оваа Влада кога беше избрана во 2024 година беше да ја направи земјата раскрсница која што ќе се темели на четири столба. Тогаш почнавме со три столба но некако како одминуваше времето таа наша цел и тој предизвик го проширивме и денеска зборуваме за четири столба. Тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 во смисла на патна инфраструктура, железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура и гасната инфраструктура.  На тој начин, геостратешкото значење на земјата станува навистина нешто кое што претставува поголема моќност за сите граѓани, но претставува и предуслов да се развиваат современи индустрии, а државата добива навистина нешто поголемо, голема додадена вредност кога станува збор со споредбата и компарацијата со годините во во минатото, рече Мицкоски во обраќањето.  

    По 27 месеци од доаѓањето на Владата, рече Мицкоски, се појавуваат и првите индикатори кои покажуваат дека државата се движи во вистинска насока.

    –  Првите индикатори за работата на оваа Влада по 27-28 месеци посветена работа резултира со бројни проекти и консолидирање во услови кога ја затекнавме државата која што беше упатена директно кон амбисот и во услови кога светот се соочува со епски најголема енергетска криза што човештвото ја памети, нагласи Мицкоски.  

    Прочитај повеќе

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    Ниту бугарската полиција не евидентирала влез на Ива Михајлова

    12.10.2026 во 13:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.