Close Menu
Press24
    Најново

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39

    Анкета: Граѓаните се задоволни од нивниот квалитет на живот

    11.10.2026 во 12:00

    Едниот ги тепал сопругата, синот и снаата, другиот сопругата: Семејно насилство во Струмица

    11.10.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога
    • Младеновска: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и не убедува дека народот живее подобро и сака да го викаат талог
    • Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира 
    • Мицкоски: Добра вест за Македонија, продолжуваме да градиме
    • ЕСМ Снабдување: Грејната сезона ќе почна два дена порано од планираното, на 13 октомври
    • Усје денеска остана без вода
    • Био Ентерпрајз доби признание од „Макпрогрес“ за помошта во фабриката „Винчини“
    • Ива Михаилова замина во Бугарија – како ја поминала границата?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога

    Паднаа тројца дилери од Пробиштип и Злетово: Полицијата им влезе во домовите и најде поголема количина дрога

    12.10.2026 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три лица од Пробиштип и Злетово се приведени откако полицијата изврши претрес во нивните домови и пронајде поголема количина дрога, марихуана, грутчеста материја и семки од растението канабис.

    Претресите биле извшени вчера, а еден од нив заврши и во 30-дневен притвор. Полицијата ги објави нивните идентитети. Станува збор за МА.(34) од с.Злетово, К.Т.(23) од Пробиштип и К.А.(30) од с.Злетово.

    -При претрес во домот на М.А. во Злетово, узвршен со судска наредба, пронајдени се и одземени грутчеста материја и една дробилка.  При претрес во домот на К.Т. во Пробиштип, извршен, исто така, со судска наредба, пронајдена е марихуана.

    И во домот на К.А. во Злетово, со судска наредба е извршен претрес без негово, но со присуство на неговите родители, пронајдени се и одземени неколку пакувања со грутчеста материја, марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, една дробилка со остатоци од марихуана и предмети со остатоци марихуана. Додека траел претресот во неговиот дом, тој со возило дошол пред дворот, по што е лишен од слобода. 

    Против тројцата е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на К.А. му е определена мерка притвор од 30 дена и е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката, велат од МВР.

    Прочитај повеќе

    „Летал“ повеќе од двојно над дозволеното: На Табановце приведен државјанин на Босна и Херцеговина

    11.10.2026 во 15:38

    Внатрешна контрола одлучи: Суспензија за шестмина полициски службеници за инцидентот кај Сарај

    11.10.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.