12 лица се приведени во текот на изминатото деноноќие во Скопје за поседување различни видови дрога. Како што се вели во полицискиот билтен, кај нив биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и таблети.
-на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.В.(29), В.Ѓ.(55), Е.С.(29), Б.Т.(20), Д.Р.(37), Е.П.(37), В.П.(43), А.С.(33) , В.Д.(37) и В.П.(42) сите од Скопје , И.Ч.(26) од Штип и М.Т.Б.(30) од Обединетото Кралство, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана , бела прашкаста материја , бела грутчеста материја и таблети, велат од МВР.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци .

