52-годишен возач од Чегране, вработен во Општата болница во Гостивар удрил жена во Ургентниот центар, во склоп на болницата. Несреќата се случила вчера наутро, околу 09:45 часот, а од тежината на повредите, 63-годишната жена морала да биде пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-Вчера година во 09:45 часот, во ОВР Гостивар е пријавено дека на влезот од Ургентниот центар во Гостивар, патничко возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Општа болница Гостивар, а управувано од Ф.А.(52) од с.Чегране, удрило во пешакот З.В.(63) од с.Горна Бањица. По незгодата, З.В. била пренесена во Ургентниот центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.

