Вчера околу 17:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ја забележале групата на местото викано „Ќупот“. При преземањето на мерките, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели во воздух. Петнаесет мигранти биле лишени од слобода и предадени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија за понатамошна постапка“ соопшти МВР.
Случајот е евидентиран од надлежните полициски служби.

