Возачите кои во недела, на 11 октомври, ќе се движат по булеварот „Киро Глигоров“ треба да бидат внимателни, бидејќи на мостот „Близнак“ ќе се изведуваат работи за поправка на оштетената пешачка заштитна ограда.
Екипи на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје ќе работат во раните утрински часови, од 6 до 8 часот, на делницата од крстосницата со улицата „Индустриска“ до спојот со булеварот „АСНОМ“, во правец кон Аеродром.
За време на интервенцијата, крајната лева сообраќајна лента ќе биде затворена, а движењето ќе се регулира со соодветна сигнализација. Преостанатата лента во истиот правец ќе остане отворена за сообраќај.
Од претпријатието ги повикуваат возачите да ја приспособат брзината, да ја следат поставената сигнализација и да покажат трпение додека траат работите.

