Дел од Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) во Подгорица е евакуиран поради пожар што избувна во Поликлиниката на здравствената установа.
Според неофицијални информации од порталот „Вијести“, персоналот и пациентите се пред КЦЦГ, а на местото на настанот се наоѓаат неколку противпожарни возила и членови на Полициската управа.
Според истите информации, пожарот наводно се случил поради неисправни инсталации.
Началникот на Службата за заштита и спасување на Подгорица, Никола Бојановиќ, потврди за „Вијести“ дека во КЦЦГ се испратени три противпожарни возила со десет пожарникари.
Тој изјави дека во овој момент нема повеќе информации за инцидентот.
„Има многу чад“, рече Бојановиќ.

