Close Menu
Press24
    Најново

    ВИДЕО+ФОТО: Нови мотоцикли за полицијата од РСБСП – Вложувања до побезбедни патишта и спасени човечки животи

    08.10.2026 во 11:31

    Нема договор со Бугарија, недовербата останува: Муцунски откри што следува за евроинтеграциите

    09.10.2026 во 08:11

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ЦУК информира каде е најкритично со пожарите: Гори шума во три општини
    • УЈП продава станови, деловни простори и автомобили на е-аукција – Погледнете што е на продажба
    • ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Нека одговори за хеликоптерите, златната виза и бизнисите во Дојран
    • Дневен хороскоп: Овенот со фокус на работните задачи, Близнаците со одлична комуникација, Лавот презема иницијатива
    • Скопје чекори кон почист град: Стигнуваат нови возила и илјадници контејнери (ВИДЕО)
    • ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје
    • Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме
    • УХМР ги измери температурите низ Македонија – Подгответе се за лош пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЦУК информира каде е најкритично со пожарите: Гори шума во три општини

    ЦУК информира каде е најкритично со пожарите: Гори шума во три општини

    09.10.2026 во 09:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 31 пожар на отворен простор биле регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои четири сè уште се активни. Останатите пожари се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

    Најкритични се состојбите во општините Студеничани, Чашка и Липково, каде што огнот зафатил ниска вегетација, но и шумски површини.

    Во Студеничани, пожарот е лоциран меѓу селата Драчевица и Цветово, на местото викано „Калдиред“, каде гори ниска вегетација.

    Во општина Чашка, во близина на селото Јаболчиште, во месноста „Биков Гроб“, пожарот зафатил букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација.

    Два пожара се активни и на територијата на општина Липково. Во месноста „Гури Ку“, во регионот на селото Стрима, гори борова и нискостеблеста шума, додека во селото Матејче огнот зафатил ниска вегетација.

    Од Центарот за управување со кризи информираат дека останатите 27 пожари се локализирани и изгаснати. Најмногу интервенции имало на територијата на Прилеп, каде биле регистрирани три пожари, додека во Виница, Врапчиште, Куманово и Могила биле изгаснати по два пожара.

    По еден пожар бил регистриран и во општините Аеродром, Битола, Босилово, Василево, Гази Баба, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кочани, Кратово, Македонска Каменица, Новаци, Сарај, Центар, Чаир и Штип.

    Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на местата каде што пожарите сè уште се активни.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    УЈП продава станови, деловни простори и автомобили на е-аукција – Погледнете што е на продажба

    09.10.2026 во 09:18

    ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Нека одговори за хеликоптерите, златната виза и бизнисите во Дојран

    09.10.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.