45-годишен скопјанец бил приведен во Струга откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја.
Инцидентот се случил на 7 октомври, околу 19:20 часот, на кејот „8 Ноември“. При извршен преглед, полициските службеници пронашле и одзеле две пакувања со бела прашкаста материја.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против лицето.

