На 60-годишна возраст почина обвинителот Џемал Лога од струшкото село Новосела.
Веста ја потврди Муфтиството на БФИ во Струга, од каде упатија сочувство до семејството, роднините, пријателите и колегите на Лога.

Џемал Лога повеќе години работел како обвинител во Струга, каде што значаен дел од својот професионален живот го посветил на правосудството.
Погребот ќе се одржи денеска, 8 октомври, со почеток во 15 часот, на селските гробишта во Новосела.

