Општина Кисела Вода и Општинскиот совет за превенција од детско престапништво вечерва организираат трибина посветена на менталното здравје и превенцијата од врсничко насилство.
Трибината ќе се одржи од 18 часот во Домот на култура „Билјана Беличанец“, под мотото „Слушни, препознај, поддржи“.
На настанот се поканети родители, деца, наставници и стручни лица од училиштата, со цел преку отворен разговор да се поттикне навремено препознавање на проблемите, обезбедување соодветна поддршка и создавање побезбедна средина за децата.
За темите ќе зборуваат психолозите и психотерапевти Дора Попова Узуновски и Мито Тасевски, советникот во Советот на Општина Кисела Вода и наставник Сашо Андонов, како и Катерина Стојкова, главен инспектор за превенција при СВР Скопје.

