Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда
    • Српската пејачка два пати оперирана во рок од една недела – Откри каква и е здравствената состојба
    • Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година
    • Останаа уште два месеци – Колку пари ќе легнат на сметките за К-15
    • Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок
    • Минус температури утрово – најстудено во Берово
    • Дарко Василевски по шест дена протест: „Одам со крената глава, не жалам што кренав глас“
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда

    Прилепскиот обвинтиел се сомничи дека земал мито за да му го врати пасошот на битолскиот газда

    07.10.2026 во 10:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По синоќешното приведување на обвинител од Вишото јавно обвинителство во Битола, истрагата продолжува, а од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за денеска се најавени повеќе детали за случајот.

    Обвинителот бил приведен во Прилеп, а полицијата со судски наредби извршила претреси во неговиот дом и во службените простории на Вишото јавно обвинителство во Битола.

    Официјално, тој е осомничен за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Неговото име засега не е соопштено, ниту пак за колкава сума станува збор

    Случајот се поврзува со постапката во која на битолскиот бизнисмен Борче Марковски му беше вратен претходно одземениот пасош. Од МВР за дел од медиумите било потврдено дека приведувањето е поврзано со постапувањето околу патната исправа на Марковски.

    Пред два месеца Јавното обвинителство објави дека обвинител од Основното јавно обвинителство Струга на 15 јуни дал негативно мислење за барањето на одбраната на Марковски да му биде вратен пасошот.

    По ново барање на одбраната, предметот бил рефериран во Вишото јавно обвинителство во Битола. Оттаму било наложено понискиот обвинител да даде позитивно мислење за враќање на патната исправа, со образложение дека гаранцијата ги исклучувала околностите кои укажуваат на опасност од бегство.

    Потоа Основниот суд во Струга му го вратил пасошот на Марковски, кој замина во Србија. Неговата одбрана тогаш тврдеше дека станува збор за деловно патување и дека Марковски ќе се врати во земјава, а на 1 август адвокатот соопшти дека тој повторно е во Битола.

    Марковски е првообвинет во предмет за злоупотреби со јавна набавка во РЕК „Битола“, вредна над 1,7 милиони евра. Претходно излезе од притвор со гаранција вредна повеќе од пет милиони евра.

    Обвинителството засега не открива каква награда наводно била примена, од кого и за какво конкретно влијание. Од ОЈО ГОКК најавија дека повеќе информации ќе соопштат по завршувањето на истражните дејствија.

    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг

    07.10.2026 во 08:58

    Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар

    07.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.