Дел од корисниците во општините Центар и Карпош денеска ќе останат без водоснабдување, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето за корисниците на улицата „Чедомир Миндеровиќ“ ќе започне во 8:30 часот.
Од 10 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „Миладин Поповиќ“, како и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булевар „Илинден“.

