Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”
    • Акција на МВР „Task Force“: 20 уапсени лица, запленети стотици килограми марихуана, кокаин и илјадници евра
    • Полицијата прави чистка: За 6 часа казнети над 600 лица
    • Започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември
    • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ преминува од ветување во реализација
    • Еден возел во спротивна насока, друг бил пијан, трет немал возачка – Полицијата апсеше на големо
    • МВР со детали за акцијата „Чистач“: Приведени се 5.628 лица
    • Ангеловски: Инспекторатот изрече 30 инспекциски мерки и издаде 17 платни налози
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Темелно се чистат Камениот мост и плоштадот ,,Македонија”

    05.10.2026 во 15:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – Во тек е темелно чистење на Камениот мост и плоштадот „Македонија“, кои се лицето на нашиот град. Тука се среќаваат генерации, се пречекуваат гости и се создаваат спомени што остануваат за цел живот.  Токму оттука многубројни туристи ја понесуваат својата прва слика за Скопје како град со душа, историја и препознатливо место на светската туристичка мапа. Затоа, овие симболи заслужуваат постојана грижа и внимание. Скопје заслужува да биде чисто, уредено и гордо на своите обележја. А сите ние имаме обврска да го чуваме она што ни припаѓа заеднички  – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Во рамките на овие активности се отстрануваат натписите, графитите и насобраната нечистотија, со употреба на специјално средство и чистење под притисок, за овие простори повторно да го добијат својот уреден и достоинствен изглед.

    Дополнително, привршуваат активностите за архитектонско осветлување на Камениот мост и за повторно пуштање во употреба на подната фонтана, која со години беше оставена да пропаѓа. Светлината и водата повторно ќе внесат живот и убавина во срцето на градот.

    Прочитај повеќе

    Подгответе се, сабајле во 08:40 ќе снема струја – од електродистрибуција најавија исклучување

    05.10.2026 во 11:29

    Анализите покажаа – Безбедна ли е водата за пиење во Скопје?

    05.10.2026 во 10:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.