Close Menu
Press24
    Најново

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ преминува од ветување во реализација
    • Еден возел во спротивна насока, друг бил пијан, трет немал возачка – Полицијата апсеше на големо
    • МВР со детали за акцијата „Чистач“: Приведени се 5.628 лица
    • Ангеловски: Инспекторатот изрече 30 инспекциски мерки и издаде 17 платни налози
    • Серафимовски најави почеток на доделувањето на картичките за зелена нафта оваа недела и нови мерки за земјоделците
    • Филипче: Во буџетот фалат една милијарда евра
    • BALFIN Group – над 52 милиони евра платени даноци во првите шест месеци од 2026 година
    • Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ преминува од ветување во реализација

    Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ преминува од ветување во реализација

    05.10.2026 во 15:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека денеска е направен конкретен чекор кон реализација на проектот за булеварот „Цветан Димов“. Екипите на Општина Чаир, заедно со геодетски експерти, излегоа на терен за прецизно утврдување на трасата на булеварот.

    Реализацијата на овој проект се очекува значително да го подобри сообраќајот и инфраструктурното поврзување на Чаир со Бутел, Шуто Оризари и околните општини. Според Меџити, проширувањето на „Цветан Димов“ претставува една од значајните инфраструктурни интервенции и долгогодишна потреба на граѓаните од овој дел на градот.

    „Денеска направивме конкретен чекор кон реализација на булеварот ‘Цветан Димов’. Нашите екипи, заедно со геодетските експерти, се на терен за прецизно утврдување на трасата. За мене, овој проект е повеќе од инвестиција во инфраструктурата – тој е исполнување на едно ветување и одговор на долгогодишната потреба на граѓаните. Ветувањата имаат вредност само кога се претвораат во конкретна работа, а булеварот ‘Цветан Димов’ веќе преминува од ветување во реализација“, изјави Меџити.

    Градоначалникот Меџити истакна дека реакциите на граѓаните на терен се исклучително позитивни, бидејќи проширувањето на оваа сообраќајница се очекува директно да придонесе за олеснување на сообраќајот и подобрување на инфраструктурната поврзаност во овој дел на Скопје.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во буџетот фалат една милијарда евра

    05.10.2026 во 14:31

    Филипче: Посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски

    05.10.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.