15.020 учесници, илјадници лични приказни и еден град што денес дише во ритамот на спортот!
Утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имав чест да го означам стартот на Wizz Air Скопскиот маратон.
Од стартната линија испративме силна порака за истрајноста, заедништвото и вербата во сопствените можности!, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Скопје денес е домаќин на рекордни 15.020 учесници кои ги исполнуваат нашите улици со енергија, решителност и желба да ги поместат сопствените граници.
Секој од нив трча со своја цел, со своја мотивација и со своја приказна.
А со секој нивен чекор, заедно ја пишуваме најубавата спортска приказна на нашиот град.
Град Скопје, како покровител, е подготвен да ја даде потребната поддршка за успешно одржување на оваа голема спортска манифестација и да покаже дека е достоен домаќин на настани што нè обединуваат и го претставуваат Скопје пред светот.
Нашата заложба е овој маратон да продолжи да расте, а спортот да биде сè поприсутен во животот на нашиот град.
На сите учесници им посакувам успешна трка, лесен чекор и силна волја до целта!
На скопјани им упатувам повик со аплауз и бодрење да им дадеме дополнителна сила на сите што денес трчаат низ нашиот град.
Денес секој чекор заслужува аплауз, секоја лична победа заслужува почит!
Напред, маратонци! Скопје е со вас

