Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова пред дијаспората во САД: Должници сме кон вас

    Сиљановска-Давкова пред дијаспората во САД: Должници сме кон вас

    26.09.2025 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД.

    – Должници сме кон вас и јас ветувам дека се што можам ќе сторам за да ги интензивираме контактите и за да бидеме заедно и тогаш кога сме одвоени, рече Сиљановска – Давкова.

    Како што јави известувачот на МИА, таа им порача да останат сплотени, да не ги пренесуваат делбите, но и да не создаваат делби надвор.

    – Секогаш ги молам граѓаните да не ги пренесуваат делбите и да не создаваат делби надвор. Затоа посакувам да останеме заедно, но и овде да останете заедно оти секој има потреба од некој друг, рече претседателката.

    Таа укажа дека прекрасно се чувствува секогаш кога ќе дојде овде во земја во која, вели, за да успеете навистина треба да имате знаење и интегритет.

    – Знам дека вие сте најдоброто, за жал, најдоброто заминува. Знам дека ова е вашата втора татковина. Ви се извинувам за неправдите кон вас, знам дека има шанса заедно да ја смениме и татковината ама и човештвото, бидејќи светот не оди во добар правец, порача Сиљановска – Давкова.

    Што се однесува до 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД, таа рече дека посакува и во следните 30 години да продолжиме со стратешкото партнерство бидејќи „живееме во време невреме и сиот дух треба да го прибереме оти тоа е она што ќе го движи човештвото напред“.

    – Кога слушам понекогаш „America the great“, си велам па не е лошо во овие чудни времиња да имате за пријател некој којшто е „the great“, оти тогаш и вие не сте мали, истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

    На настанот присуствуваа и министрите за надворешни работи и за евроинтеграции, Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани, кои ја придружуваат претседателката на работната посета во САД, како и претставници на дипломатскиот кор и истакнати гости од јавниот и општествениот живот.

    Од воспоставувањето на дипломатските односи со САД до денес континуирано се продлабочува политичкиот дијалог, а заедничките напори придонесуваат за унапредување на демократијата, безбедноста и стабилноста во регионот, Европа и светот.

    Во 1994 година е отворена првата Канцеларија за врски во Вашингтон, а една година подоцна се отвори и Амбасадата.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.