Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Одлични вести: Падна цената на нафтата

    01.10.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серија семејни насилства регистрирани во Охрид, Крушево, Велес и Скопје
    • Скопје: Полицаец пишал казна, па добил заканувачки повик
    • Напад во Богданци: Mладо момче приведено откако ја претепало 17-годишната девојка
    • Апсење на Табановце
    • Полицијата ловеше пијани возачи и без возачка
    • Коњановски со битолските бруцоши: Вие сте носители на промени и идни лидери
    • Грам марихуана за 800, а кокаин и до 6.000 денари – познат ценовникот на нарко-картелот од Прилеп
    • Серафимовски пред студентите: Новата генерација агрономи е клучна за дигитализацијата на македонското земјоделство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија семејни насилства регистрирани во Охрид, Крушево, Велес и Скопје

    Серија семејни насилства регистрирани во Охрид, Крушево, Велес и Скопје

    01.10.2026 во 16:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во текот на изминатите деноноќиа, полициските службеници ширум земјава интервенирале во неколку случаи на семејно насилство и физички напади.

    На 30.09.2026 година во 16:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека П.Т. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнала нејзината мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Истиот ден, во 03:20 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода Т.М. (54) од Крушево, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 44-годишна сопруга. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

    Ноќта и вечерта донесоа нови интервенции. На 30.09.2026 во 19:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ј.Т. (36) од село во велешко, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, по кратка расправија се обидел физички да ја нападне неговата 57-годишна мајка, а потоа оштетил предмети во дворот. Тој бил задржан во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Полициски записи бележат и инцидент во Скопје. На 30.09.2026 во 11:20 часот во СВР Скопје, Б.Р. (52) од с. Долно Лисиче, скопско, пријави дека во дворот од семејната куќа, Т.А. физички го нападнал неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Скопје: Полицаец пишал казна, па добил заканувачки повик

    01.10.2026 во 16:47

    Напад во Богданци: Mладо момче приведено откако ја претепало 17-годишната девојка

    01.10.2026 во 16:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.