Close Menu
Press24
    Најново

    Македонската полиција казнува за овој прекршок – Ќе ве „удри по џебот” за 50 евра

    30.09.2026 во 09:31

    Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Чекал позади него и го ограбил

    30.09.2026 во 09:13

    Тошковски за акцијата во Прилеп: Разбиена е сериозна криминална група која 15 години била недопирлива, осомничени се 21 лице

    01.10.2026 во 12:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“
    • ЈСП: Бесплатен јавен превоз во Скопје за време на „Бела ноќ 2026“
    • ФОТО: Падна 21-члена криминална група за дрога и перење пари во Прилеп и Скопје
    • Крај на децениските лоши практики – Ѓорѓиевски најави намалување на новите вработувања во Град Скопје
    • Одлични вести: Падна цената на нафтата
    • Крива Паланка: Татко си го нападнал малолетниот син со нож
    • Тошковски за „Безбеден град“: Бројот на жртви во сообраќајот e намален за околу 30 отсто
    • Сообраќајна несреќа меѓу Марена и Сопот: Автомобил удри во велосипедист и го остави повреден на пат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“

    01.10.2026 во 14:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста. Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА – Ангелчиња.

    Првиот фестивалски ден, 3 октомври, ќе понуди повеќе гастрономски натпревари и ревијални содржини, меѓу кои подготовка на национално јадење во котле, декорација на десерт „Black Box“, подготовка на месо на скара, подготовка на баници и пити на лице место, презентација на национални кујни, како и ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити. Посетителите ќе можат да го посетат и Гастро пазарот, а програмата ќе биде дополнета со музички и културни содржини.

    Фестивалот има и хуманитарен карактер. Производите од ревијалниот изложбен дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, со што гастрономијата и дружењето ќе добијат и дополнителна општествена вредност.

    На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти меѓу ученици од основни училишта, натпревар во брзо јадење десерти, како и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

    „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ има цел да овозможи размена на искуства меѓу учесниците, да го поттикне натпреварувачкиот дух и соработката во гастрономскиот сектор, но и да создаде простор за дружење на посетителите со домашните и меѓународните учесници и реномирани шефови и судии. Фестивалот е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

    Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња” ги покануваат граѓаните на 3 и 4 октомври да бидат дел од „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“ и во два фестивалски дена да уживаат во традиционални вкусови, кулинарски натпревари, гастро презентации, музика и хуманитарни активности.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Падна 21-члена криминална група за дрога и перење пари во Прилеп и Скопје

    01.10.2026 во 14:37

    Крај на децениските лоши практики – Ѓорѓиевски најави намалување на новите вработувања во Град Скопје

    01.10.2026 во 14:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.