Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај на децениските лоши практики – Ѓорѓиевски најави намалување на новите вработувања во Град Скопје

    Крај на децениските лоши практики – Ѓорѓиевски најави намалување на новите вработувања во Град Скопје

    01.10.2026 во 14:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Советот на Град Скопје е донесена одлука за драстично намалување на новите вработувања и реална оптимизација на администрацијата во сите јавни претпријатија и установи.

    Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со оваа мерка се става крај на децениските практики на неконтролирано натрупување на администрацијата и оптоварување на градскиот буџет, при што вкупниот број на вработени се намалува по законски основи.

    Според новата одлука, најголемиот дел од предвидените нови вработувања се наменети за теренски кадар – возачи во ЈСП, како и работници и возачи во ЈП „Комунална хигиена“, додека административните позиции се сведуваат на минимум.

    – Секој денар од граѓаните мора да има јасна цел, а секое вработување вистинска потреба и конкретна работа. Скопјани заслужуваат јавен сектор кој ќе ја оправда нивната доверба со чисти улици, уредени паркови, редовен превоз и навремени услуги, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека ресурсите се насочуваат таму каде што се најпотребни за функционалноста на градот.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.