Close Menu
Press24
    Најново

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица и електронско гласање за дијаспората
    • Кривичен суд: Намален бројот на старите предмети, но недостигаат кадар и поротници
    • Аеродромот во Берлин доби современ систем за детекција на дронови
    • Голема рација ширум Европа: Над 1.000 полицајци на терен
    • Специјалците се на терен, врие полиција на 30 локации во Прилеп: Под сомнение валкани полицајци
    • Бети Стаменкоска Трајкоска: Верата, Надежта и Љубовта нека бидат водилка за сите нас
    • Нови руски напади врз Киев: Загинаа две лица меѓу кои и дете, Москва најави рекорден воен буџет за 2027 година
    • Муцунски: „ЕУ да, но не по цена на нашиот идентитет”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица и електронско гласање за дијаспората

    Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица и електронско гласање за дијаспората

    30.09.2026 во 10:431 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека дијаспората треба да може да гласа електронски или по пошта, а партијата е подготвена да го поддржи и јавното финансирање на политичките партии, предлог што го поднесоа Левицата и ДУИ. Ова го изјави потпретседателот на Собранието и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работната група за изборни реформи, Антонијо Милошоски.

    Милошоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во процесот со цел да се усогласи Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се постигне што поширок политички консензус.

    Како проблем го посочи отсуството на СДСМ од процесот, како и несогласувањата околу средствата за политичко рекламирање во изборните кампањи.

    Во однос на гласањето на дијаспората, Милошоски порача дека треба да се овозможи полесен начин на остварување на избирачкото право преку електронско или поштенско гласање.

    Тој потврди и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот за една изборна единица доколку за тоа се постигне политички консензус.

    „Ние и на претходните разговори како ВМРО-ДПМНЕ го искажавме нашиот став дека сме за една изборна единица. Доколку се постигне консензус, ние немаме никаков проблем да има една изборна единица“, изјави Милошоски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кривичен суд: Намален бројот на старите предмети, но недостигаат кадар и поротници

    30.09.2026 во 10:40

    Специјалците се на терен, врие полиција на 30 локации во Прилеп: Под сомнение валкани полицајци

    30.09.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.