Прилеп од рано утрово е под засилено полициско присуство. Специјални единици и униформирани полициски службеници се распоредени на терен, а МВР преку Бирото за јавна безбедност спроведува претреси на околу 30 локации.
Операцијата е координирана и е дел од поширока истрага насочена кон сомнителна организирана криминална структура. Според неофицијалните информации, истрагата е поврзана со активности со наркотици, а под лупа на истрагата наводно се и лица од полициските структури за кои постојат сомневања за можни поврзаности со лица или активности што се предмет на истрагата.
Од специјални единици до редовната униформирана полиција голем број полициски службеници се видливи на терен и се вршат проверки на повеќе локации во градот и поширокото подрачје.

