Close Menu
Press24
    Најново

    Орце го светна Камени Мост

    28.09.2026 во 09:24

    Мицкоски за рудникот во Крива Паланка: „Појдете и прашајте ги луѓето“

    29.09.2026 во 10:44

    Петров: Платформата 12:05 има вербална поддршка од 90% од пратениците на СДСМ

    29.09.2026 во 23:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски ја држи Македонија заглавена на европскиот пат
    • Водовод најави исклучување – Проверете која улица останува без вода
    • Левица со поддршка за протестот на земјоделците и сточарите
    • Хорор за млада девојка од Македонија: Имал активна судска забрана, но продолжил да ѝ се заканува
    • Температурите утрово низ Македонија – УХМР најавува каков ден е пред нас
    • ЗНАМ со отчет за две години во власта: 42 функционери поднесоа извештаи
    • Судскиот совет избира претседатели на три основни судови
    • Новоизбраниот член на МАНУ Тодоровски ќе ги претстави очекуваните предизвици за електроенергетските системи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ја држи Македонија заглавена на европскиот пат

    СДСМ: Мицкоски ја држи Македонија заглавена на европскиот пат

    30.09.2026 во 08:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската комисија подготвува патокази за четири земји – Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, додека Македонија е изоставена, реагираат од СДСМ.

    Од партијата велат дека земјата останува заглавена на европскиот пат и ја обвинуваат Владата предводена од Христијан Мицкоски за застој во процесот на европска интеграција.

    „За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

    Од СДСМ оценуваат дека наместо реформи, државата, како што велат, спроведува политика на изолација и празни ветувања. Тие посочуваат на, според нив, недоволниот напредок во реформите, состојбите во судството и борбата против корупцијата.

    „Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи“, велат од СДСМ.

    Од партијата обвинуваат и дека политичките конфликти и нападите врз опозицијата не придонесуваат за напредок на земјата, додавајќи дека последиците, според нив, ги чувствуваат граѓаните.

    СДСМ во реакцијата ја поврзува актуелната политика со ризик од дополнително оддалечување на земјата од Европската Унија и изразува загриженост од, како што наведуваат, зголемено руско влијание во регионот.

    Од партијата упатуваат и низа остри обвинувања кон премиерот Мицкоски и кон владејачките партии, тврдејќи дека нивните политики ја држат земјата во застој.

    „Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина“, се наведува во реакцијата.

    СДСМ заклучува дека, според нив, одговорност за застојот во реформите и европскиот процес треба да понесат оние што, како што велат, го кочат напредокот на државата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Водовод најави исклучување – Проверете која улица останува без вода

    30.09.2026 во 08:41

    Левица со поддршка за протестот на земјоделците и сточарите

    30.09.2026 во 08:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.