На 28 септември во 13 часот во Полициската станица Виница, 18-годишна девојка од Кочани пријавила дека нејзиниот поранешен партнер К.Ш. (18) од Велес телефонски ѝ се заканувал и го прекршил претходно изреченото судско решение за привремени мерки за заштита од семејно насилство.
За случајот е известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

