Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Нови сообраќајни правила во ЕУ

    28.09.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бети Стаменкоска Трајкоска: Транспарентноста и владеењето на правото се клучни во борбата против корупцијата
    • Мицкоски најави отворање на новообновениот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје
    • Инцидент кај воени магацини во Тетово: Полски државјани со четирицикли ја оштетиле влезната врата, четворица уапсени
    • Полицијата приведе 12 лица за 24 часа
    • Трагедија во Битола: Маж пронајден починат во автосервис
    • ОЈО ГОКК отвори истрага за тероризам: Се бара 30-дневен притвор за три лица
    • Србин приведен во Струга – Сипал непозната течност во резервоар на туѓо „Порше“
    • Нелегално превезувал патници: Поднесена пријава против маж од струшко Радолишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бети Стаменкоска Трајкоска: Транспарентноста и владеењето на правото се клучни во борбата против корупцијата

    Бети Стаменкоска Трајкоска: Транспарентноста и владеењето на правото се клучни во борбата против корупцијата

    29.09.2026 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денес беше дел од јавно-приватен дијалог кој ги обедини претставниците на институциите, бизнис заедницата и младите од Општина Кисела Вода.

    Настанот се реализира како дел од проектот за мобилизирање на малите и средните претпријатија како лидери против корупцијата, чиј организатор и кофинансиер е Фондацијата Конрад Аденауер, заедно со Европската Унија.

    Отворената дискусија и размената на искуства, ставови и предлози меѓу учесниците треба да придонесе кон формулирање на конкретни препораки за подобрување на локалните политики и унапредување на антикорупциските механизми.

    Во фокусот на дијалогот, денес беа клучните предизвици со кои се соочуваат компаниите на локално ниво, со посебен осврт на транспарентноста, јавните набавки и административните процедури кои директно влијаат врз деловното опкружување. Дополнителен акцент беше ставен на улогата на локалните институции, како и на важноста од вклучувањето на жените претприемачи и младите во градењето на правична бизнис-клима.

    Пред присутните стопанственици и млади луѓе од општина Кисела Вода, покрај градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, свои обраќања имаа и претседателката на Здружението на бизнис жени, Валентина Дисоска, како и претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер, Александар Цеков. Тие ја истакнаа неопходноста од заедничка соработка за надминување на корупциските ризици.

    Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска во своето обраќање ја потенцираше цврстата определба на Општината за создавање стимулативна бизнис средина преку владеење на правото, поврзувајќи го економскиот напредок со најважната цел – иднината на младите:

    -Корупцијата не е само изолиран предизвик, таа е сериозна пречка за економскиот напредок, ја нарушува лојалната конкуренција и ја урива довербата на граѓаните. Одговорот на овој предизвик лежи во бескомпромисно законско работење и апсолутна транспарентност. Овие два принципа се најсилните алатки за сузбивање на корупцијата и тие се темелот на нашето работење како локална самоуправа. За нас е од суштинско значење вашите барања и потреби да ги слушнеме директно, во прво лице и токму за таа намена во Општината е оформен и веќе активно функционира Советот на стопанственици. Секој наш чекор кон зајакнување на деловниот сектор врз основа на транспарентност и интегритет води кон една најважна цел- задржувањето на младите во Македонија. Силна бизнис заедница значи реална можност за кариерен напредок, финансиска стабилност и главен мотив за младите да го градат својот живот тука, во својата земја-истакна градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

    На самиот крај од настанот беше истакнато дека претставниците на малите и средните претпријатија ќе имаат можност да присуствуваат на бесплатна обука, преку која ќе можат да се стекнат со сертификат „Бизнис со интегритет“.

    Прочитај повеќе

    СДСМ до Мицкоски: „Ние сме за институции – не сме за банда”

    29.09.2026 во 08:42

    Мицкоски од Брвеница: БДП порасна 4,3 отсто, растот мора повеќе да се почувствува во платите и семејните буџети

    28.09.2026 во 21:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.