Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20

    Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање

    29.10.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Светски ден на мозочниот удар: Бесплатни доплер-прегледи и мерења за рано откривање
    • Јаневска на отворање конференција за интелектуалната сопственост во дигиталната ера
    • Шефот на словачката дипломатија во посета на Македонија – Средба со Муцунски
    • Опозицијата ќе поставува пратенички прашања до премиерот и министрите
    • Ќе снема струја во 08:30 – Најавени исклучувања во Скопје, ќе траат со часови
    • Подгответе се за промена на времето: УХМР најавува обилни дождови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова концепција за надарените ученици: Отворена јавна расправа до 10 октомври

    Нова концепција за надарените ученици: Отворена јавна расправа до 10 октомври

    29.09.2026 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објави Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование.

    Од БРО и МОН ги повикуваат сите заинтересирани да се вклучат во онлајн јавната расправа и до 10 октомври 2026 година да достават мислења, забелешки и предлози за унапредување на документот.

    Од МОН информираат дека предлог-концепцијата е изработена согласно член 34 од Законот за основното образование, кој предвидува донесување документ со кој се уредуваат препознавањето и идентификацијата на талентираните и надарените ученици, како и мерките и активностите за работа со нив.

    Според МОН, целта е да се воспостави поврзан и достапен систем за навремено препознавање и развивање на потенцијалите на учениците, нивна стручна идентификација и обезбедување соодветна воспитно-образовна поддршка.

    Концепцијата дава насоки за работата на училиштата, соработката со семејствата и стручните институции, распределбата на одговорностите и следењето на квалитетот на поддршката.

    Во јавната расправа се повикуваат да учествуваат наставници, стручни соработници, директори на училишта, високообразовни и научни установи, стручни здруженија, родители и старатели, ученици и сите други заинтересирани.

    Мислењата, забелешките и предлозите може да се достават до 10 октомври 2026 година на електронската адреса javnarasprava@bro.gov.mk, со назнака „Јавна расправа – Концепција за талентирани и надарени ученици“.

    Од БРО посочуваат дека доставените предлози ќе бидат разгледани при подготовката на конечниот текст на Концепцијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”

    29.10.2026 во 08:21

    Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода

    29.10.2026 во 08:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.