Шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано од други малолетници во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани. Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.
Според МВР, нападот го извршиле неколку малолетни деца, постари од првачето, а настанот го снимале со смарт часовник.
За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

