За 18 илјади евра бил измамен 66-годишен жител на кочанско село, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“.
Според пријавата во ОВР Кочани, лицата дошле во неговиот дом и му кажале дека за да ја отстранат наводната магија треба да им ги предаде сите пари што ги поседува. Мажот им дал 18 илјади евра, по што тие си заминале.
Откако сфатил дека бил измамен, случајот го пријавил во полиција. Од СВР Штип информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на идентитетот на лицата.

