Пожар избувна рано утрово во кафуле на приземјето на трикатна станбена зграда во атинската населба Неа Јонија.
Огнот, кој избувнал околу 4 часот и 30 минути, брзо се проширил низ објектот и предизвикал голема материјална штета.
Нема повредени, а станарите од горните катови биле превентивно евакуирани додека траела интервенцијата на противпожарните екипи.
Засега нема информации за причините за пожарот.

