Вештачката интелигенција веќе е дел од сегашноста и ќе има влијание врз професиите, индустриите и начинот на носење одлуки, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Вештачката интелигенција повеќе не е тема на иднината. Таа е инфраструктура на сегашноста“, рече премиерот во говорот пред Генералното собрание на ОН.

