Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Истражниот центар во Основното јавно обвинителство – Штип почна со работа
    • Серафимовски: Со новиот закон за уредување на пазарите земјоделците ќе добијат поголема сигурност при пласманот
    • Николоски: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија
    • Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито
    • Гранка од топола усмрти 77 годишен радовишанец
    • Филипче: Другите одат кон ЕУ, нас нè нема – до кога ќе чекаме гаранции?
    • Млад беровчанец ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомври
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истражниот центар во Основното јавно обвинителство – Штип почна со работа

    Истражниот центар во Основното јавно обвинителство – Штип почна со работа

    25.09.2026 во 14:594 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Почна со работа Истражниот центар во Основното јавно обвинителство-Штип. Почетокот на работата го означија Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески и Основниот јавен обвинител во ОЈО-Штип, Татјана Кацарова.

    Савески посочи дека центарот треба да им помогне на обвинителите во истрагите и во собирањето докази. Особено ќе се користи при истраги поврзани со финансиски и економски криминал. Со отворањето на центарот во Штип, во земјава сега има вкупно шест вакви центри. Савески информираше дека штипскиот центар веќе ги има започнато првите активности.

    -Истражниот центар во ОЈО Штип веќе ги има првите активности, за што подетално ќе бидете запознаени. ​Јас денес би сакал да се осврнам малку повеќе на важноста на истражните центри ширум целата наша држава, односно истражните центри за јавните обвинителства коишто веќе стартуваат со својата работа и резултати секако покажуваат во обвинителствата. ​Имено, Истражниот центар во ОЈО Штип всушност е шести Истражен центар. Постојат истражни центри во ОЈО Скопје, Тетово, Куманово, Битола и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Праксата покажува дека истражните центри стануваат вистински јадра на истражната дејност на обвинителствата каде што тие функционираат. ​Директната континуирана комуникација меѓу јавните обвинители и истражителите во моментите кога постапуваат по предметите и прибавуваат докази, значително ја олеснува работата на јавните обвинителства. Истражните центри овозможуваат олеснето водење на финансиски истраги, а особено се ефикасни во постапувањето на предмети од, како што споменав, финансиски и економски криминал, затоа и нивната искористеност е премногу голема – вели Савески.

    Државниот јавен обвинител, Савески посочи и дека Истражниот центар во ОЈО Скопје во периодот од јануари до август годинава има превземено вкупно 7.356 дејствија, при што се постапувало по 2.325 предмети.

    -Бројот на предмети по кои постапувал овој истражен центар е за околу 40% поголем во споредба од целокупниот број на предмети по кои се постапувало во 2025 година.​Оваа статистика од ова обвинителство е практично подтикот дека денес сме тука за да отвориме Истражен центар во ова обвинителство.​Важноста на истражните центри за самостојно постапување на обвинителствата ја препознаваат и нашите донатори, за чија континуирана поддршка, пред сè во опрема и обуки, сакам сега во оваа прилика да се заблагодарам. ​Дел од нив се како претставниците на Амбасадата на САД и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, коишто се тука денес со нас. Без нивната помош практично е невозможно да се обезбеди во целосен капацитет оперативноста на истражните центри-вели Савески.

    Во Истражниот центар во Штип треба да работат четворица истражители, а во моментов има двајца.Кацарова вели дека тие веќе активно работат на предметите, а се очекува да се пополнат и преостанатите две места.

    -Во моментот со двајцата истражители работата се одвива на сосема задоволително ниво, благодарение на целокупната организациона поставеност на самото обвинителство. Почнувајќи од мене како раководител, преку сите други вработени во обвинителството коишто сме во кохезија при работењето со истражителите. Истите ја имаат максималната техничка опременост благодарение на нашите донатори. Учествуваат максимално при анализа на предметите, анализа на кривично-правни настани, на примени поднесоци, даваат свои идеи, веднаш постапуваат и реагираат на нашите наредби за вршење увид, одземање документација, разговори со оштетени, со осомничени и сè она што им следува што е пропишано со Законот за кривична постапка-вели Кацарова.

    Државниот јавен обвинител Савески додава дека до крајот на годинава законски истекува мандатот на еден поголем број истражители кои веќе три години работеа во најголемите истражни центри во Јавното обвинителство. Распишан е и интерни огласи за пополнување на овие места за истражителите преку МВР, Финансиска полиција и Царинска управа.

    -Ни требаат дваесетина квалитетни истражители на кои можеме да им ветиме средина во која навистина ќе можат да ги реализираат нивните капацитети, да ги искористат на најдобар можен начин во функција на правото и правдата. Посакувам овој Истражен центар во ОЈО Штип да има исто така успешна работа во периодот којшто претстои, за кратко време да се пофалиме и со значителни резултати-вели Савески.

    Од ОЈО Штип велат дека со двајцата истражители работата се одвива на сосема задоволително ниво. Истражителите постапуваат по наредбите на обвинителите, меѓу другото, при вршење увиди, одземање документација и разговори со оштетени и осомничени лица.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Европската перспектива останува стратешки приоритет за Македонија

    25.09.2026 во 13:58

    Акција во Скопје: Инспекторка од АХВ падна в рацете на полицијата – ја фатија со мито

    25.09.2026 во 13:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.