Во Собранието денеска започнува дводневниот 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија.
Првата работна сесија ќе се одржи попладнево, а ќе ја отворат ко-претседавачите на Комитетот Иванка Василевска и Карло Реслер.
Потоа е предвидена размена на мислења со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, кои ќе ја претставуваат Владата на Северна Македонија.
Во рамки на сесијата ќе се обратат и амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, во име на Европската комисија и Европската служба за надворешни работи, како и ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ.
Во претпладневниот дел членовите на Комитетот ќе имаат средби со претседателот на Собранието Африм Гаши и со координаторите на пратеничките групи.
Втората работна сесија на 25. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ – Северна Македонија ќе се одржи утре.

