Во моментов е во тек операцијата „Филтер“ на Царинската управа за разбивање сложен организиран систем за шверц на цигари. Во акцијата се опфатени шпедитерски, транспортни и увозни компании, физички лица, но и полициски и царински службеници.
Царинската управа, преку Секторот за контрола и истраги и Одделението за истраги, во координација со МВР, Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, како и со надлежниот јавен обвинител, спроведе опсежна истрага со која се откриени повеќе случаи на организиран шверц на големи количини цигари и избегнување на плаќањето давачки во износ од неколку милиони евра.
Утрово се приведени 13 лица, а во тек се претреси на над 20 локации на подрачјето на Гевгелија, Валандово, Струмица, Дојран, Велес и Скопје.
Подетални информации за операцијата „Филтер“ се очекуваат од Царинската управа во текот на денот.

