Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против М.Ј. (52) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Според пријавата, на 15 септември 2026 година, во семејната куќа во Виница, пријавениот физички го нападнал својот татко.

