Жителите на улиците „Самоилова“ и „Св. Прохор Пчињски“ денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираат дека прекинот е предизвикан од уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-400 мм на улицата „Самоилова“ бр. 2.
Водоснабдувањето е прекинато од 8:15 часот и ќе продолжи да биде во прекин до завршување на санацијата.

