Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Брат го пријавил братот во полиција – Семејна драма во Македонија

    22.09.2026 во 08:22

    Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонците во Канада со барања до Сиљановска-Давкова: Поголемо учество во изборите и институциите
    • Жените во политиката на удар на дигиталното насилство: Дебата во Собранието
    • Три панел-дискусии за европскиот пат на Македонија: Денеска 75. дијалог-сесија на НКЕУ-МК
    • Од 9 часот ќе нема вода – Исклучување на неколку скопски улици
    • Пратениците со полни раце работа: Заседаваат три комисии
    • Ќе нема струја со часови – Проверете дали сте на листата
    • Вадете ги јакните – УХМР најавува пад на температурите, од петок уште поголема промена
    • Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонците во Канада со барања до Сиљановска-Давкова: Поголемо учество во изборите и институциите

    Македонците во Канада со барања до Сиљановска-Давкова: Поголемо учество во изборите и институциите

    23.09.2026 во 08:211 Min Read
    Кабинет на претседателката
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера се сретна со претседателот на „Обединети Македонци во Канада“, Ристо Дурловски, и членот на организацијата Душко Јанков.

    На средбата биле разменети мислења за животот на македонската дијаспора во Канада, нејзините успеси и предизвици, како и за можностите за поголемо учество во економскиот, политичкиот, образовниот, научниот и културниот живот во Северна Македонија.

    Од Кабинетот на претседателката информираат дека Сиљановска-Давкова ги запознала соговорниците со Националната стратегија за дијаспората и активностите за формирање Совет за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет.

    Претставниците на дијаспората изразиле интерес за поголемо учество во изборните процеси, како и за воспоставување потесна соработка со институциите во земјата. Меѓу предлозите биле и консултации со дијаспората при именувањето амбасадори и конзули во Канада.

    На средбата било посочено и дека дигитализацијата и развојот на вештачката интелигенција им овозможуваат на помладите генерации од дијаспората полесно да се поврзуваат со Северна Македонија, вклучително и преку интерес за студирање, работа и живот во земјата.

    Дурловски и Јанков упатиле покана до претседателката да ја посети македонската заедница во Канада и директно да се запознае со нивните ставови и предлози.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Жените во политиката на удар на дигиталното насилство: Дебата во Собранието

    23.09.2026 во 08:14

    Три панел-дискусии за европскиот пат на Македонија: Денеска 75. дијалог-сесија на НКЕУ-МК

    23.09.2026 во 08:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.