По вооружениот напад во средното училиште „Инчи Узмез“ во Маниса, во западна Турција, што се случи кратко пред 8 часот наутро, родителите во паника почнаа да пристигнуваат пред образовната установа за да дознаат информации за своите деца.
Полицијата го обезбеди просторот и се обидува да ја смири насобраната толпа и да спречи понатамошна паника. Според првичните информации, во пукањето се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.
Напаѓачот по инцидентот усперал да избега, но по брзата масовна потера од страна на големите полициски сили и екипите за итни случаи кои пристигнаа на терен, тој набрзо бил уапсен. Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат напаѓачот како носи ловџиска пушка, додека повеќе детали за околностите се очекуваат по завршувањето на полициската интервенција.
Manisa’da okula düzenlenen silahlı saldırının ardından veliler okula geldi. — Okula gelen velileri, kolluk kuvvetleri sakinleştirmeye çalışıyor. https://t.co/UemY3OnaQF
— BPT (@bpthaber) September 22, 2026

