Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вреди: Случајот „Груби“ станува политичка коцка за Ахмети
    • Се слават Свети Јоаким и Ана, родители на Богородица – За семејна среќа денеска направете една работа
    • Поскапе дизелот – Нови цени на горивата во Македонија
    • Првиот снег падна во регионот
    • Брат си го пријавил братот во полиција – Семејна драма во Македонија
    • Изгаснати 30 пожари на отворено – ЦУК со пресек на состојбата
    • Да не остане ниту едно дете зад системот: Конференција за поддршка на деца и семејства во социјален ризик
    • Деца од скопските градинки на „Движи се за здравје“ – Спорт и забава за најмалите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: Случајот „Груби“ станува политичка коцка за Ахмети

    Вреди: Случајот „Груби“ станува политичка коцка за Ахмети

    22.09.2026 во 08:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го заштити Артан Груби, толку повеќе остава впечаток дека го турка во спротивна насока, оценуваат од Вреди.

    Оттаму потсетуваат дека и претходно Ахмети тврдеше оти против Груби нема да биде поднесено обвинение и дека тој ќе биде ослободен, но, како што наведуваат, се случи спротивното. На Груби му беше продолжен притворот, а против него беше отворена постапка.

    „Што сака да спречи Ахмети? Дали се плаши од тоа што Груби би можел да го каже? Или свесно го жртвува Груби, мислејќи дека така ќе си го расчисти патот за враќање на власт?“, прашуваат од Вреди.

    Од партијата оценуваат дека со тврдењата оти Груби е невин, Ахмети всушност врши политички притисок кој може да има спротивен ефект.

    Вреди смета дека јавниот политички притисок врз судот во случајот со лице кое се наоѓа на црната листа на САД може да има спротивен ефект, додавајќи дека ваквиот пристап го оценуваат како политички ризик за Ахмети.

    Од Вреди се осврнуваат и на политичките најави на ДУИ за враќање во Владата, оценувајќи дека тие не се оствариле и дека партијата, според нив, забележала слаб резултат на локалните избори.

    „Сега се обидува и случајот на Груби да го претвори во уште една политичка коцка. Само што овојпат на коцка не е само Груби, туку и самиот Ахмети“, наведуваат од Вреди.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Се слават Свети Јоаким и Ана, родители на Богородица – За семејна среќа денеска направете една работа

    22.09.2026 во 08:41

    Поскапе дизелот – Нови цени на горивата во Македонија

    22.09.2026 во 08:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.