За многу години Рождество на Пресвета Богородица! Ова на Фејсбук го напиша градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајковска.
-Денес присуствував на Света Литургија во црквата „Света Богородица“ на Средно Водно, каде што заедно со голем број на верници го одбележавме овој голем празник.
Посебна чест е што минатата година кумството го презеде градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, продолжувајќи ја традицијата и грижата за овој значаен празник.
Ваквите денови се потсетник колку се важни верата, семејството и традицијата што со години ги негуваме.
За многу години!, напиша таа.

