Безживотно тело е пронајдено вчера на Шар Планина, на надморска височина од повеќе од 2.500 метри.
Според информациите од СВР Тетово, телото било пријавено околу 14:30 часот од граѓани, по што била организирана интервенција за негово извлекување.
Околу 17:30 часот, телото било пренесено со хеликоптер од планината до Тетово.
Според неофицијални информации објавени од „Тетово инфо“, се работи за планинар на возраст од околу 70 години, од тетовското село Џепчиште.

